Морничави снимки: Масовна гробница за починатите во Њујорк (ВИДЕО)

Беспилотно летало снимила работници во заштитна облека како спуштаат сандаци во масовна гробница во градот Њујорк, каде расте бројот на починати од последиците на коронавирусот.

На снимките се гледа како работниците користат скали за да се спуштат во голема јама на островот Харт, каде ги спуштаат сандаците.

Островот Харт пред повеќе од 150 години се користи за да се погребаат граѓаните кои немаат роднини или чија фамилија не можела да си дозволи да организира погреб.

Можно е тоа да се сандаци на жртви од коронавирусот, меѓутоа тоа се уште не е јасно, пренесуваат британските медиуми.

Според најновите податоци, во државата Њујорк се забележани повеќе случаи на коронавирус отколку во било која друга сојузна американска држава.

Бројот на заразени во Њујорк порасна за 10.000 во четвртокот и моментално изнесува 159.937, додека 7.000 лица починаа.

Британски Гардијан наведува дека гробницата е привремено решение за време на пандемијата и дека мртовечниците се преполни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот