Морничави сцени од Еквадор: Армијата собира лешови од улица (ФОТО+ВИДЕО)

Владиниот портпарол Хорхе Ватед изјави дека здружените патроли од армијата и полицијата собрале 150 тела во изминатите три дена, кои починале од коронавирусот.

Армијата и полицијата собрала најмалку 150 лешови од улиците и домовите во пристанишниот град Гвајакил, соопшти денеска Владата на Еквадор, предупредувајќи дека во тој град и околината, во наредните неколку месеци, би можеле да умрат до 3.500 луѓе.

Владиниот портпарол Хорхе Ватед изјави дека здружените патроли од армијата и полицијата собрале 150 тела во изминатите три дена, кои починале од коронавирусот.


Мештаните во вториот по големина град во Еквадор претходно објавија на социјалните мрежи снимки од оставените лешови на улиците.

Некои локални жители им испратија пораки на властите да ги преземат телата на починатите од нивните домови, кои починале како последица од коронавирусот.

Ватед упати извинување преку државната телевизија, во кое се вели дека работниците во погребалните служби не биле во можност да ги отстранат телата поради полицискиот час кој е воведен поради коронавирусот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот