МОРНИЧАВА СНИМКА, СЕ ТЕШАТ ПРЕД ДА УМРАТ: Ги бркаат делфините во плиткото, па ги погубуваат (ВИДЕО)

делфини
Принтскрин

На интернет се појави морничава снимка во која ловците ги намамуваат делфините во плитките делови од водата и таму ги погубуваат.

Дел од зоолозите кои ја виделе оваа снимка тврдат дека делфините се тешат меѓу себе, свесни дека се случува нешто страшно. Овие водни цицачи важат за интелигентни суштества, а оваа снимка само го потврдува тоа.

Организацијата за права на животните, „Dolphin Project“ го опишува ова искуство како трауматично за делфините, кои се свесни дека се во опасност. Ловците ги намамуваат делфините со храна и со тоа ги „принудуваат“ да останат во плиткото и ги држат во заробеништво.

Наводно, оние кои не се спротивставувале, веќе се помириле со судбината.

Во Јапонија е дозволен лов на делфини на риболовците кои имаат дозвола за тоа. Се работи за традиција која наидува на жестоки критики во јавноста, но и покрај тоа, годишно се убиваат и до 16.000 делфини и китови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот