Морничава позадина на легендарниот хит: Звучи како љубовна песна, но инспирирана е од хорор сцени од концентрационен логор (ВИДЕО)

Youtube

Канадскиот кантавтор Леонард Коен е еден од најценетите музичари на 20 век со голем опус и фасцинантна животна приказна.

Роден е и пораснал во Монтреал во еврејско семејство. Во текот на животот проучувал и други религии па пет години поминал во будистички манастир и велел дека му се допаѓа „универзалната фигура на Исус Христос, кој е најдобриот човек кој некогаш одел по Земјата“. Но никогаш не се откажал од јудаизмот.

Една од неговите песни, која на сите им е позната исклучиво како љубовна, всушност е инспирирана од холокаустот, односно од сцените од концентрационен логор. Станува збор за песната „Dance Me To The End Of Love“ од албумот “Various Positions” од 1984 година.

„Интересно е како песните почнуваат, бидејќи во сржта на секоја песна постои семе кое некој друг ти го дал или си го земал од светот. Затоа процесот на пишувањето на песната е толку мистериозен. А оваа песна дошла од сознанието дека во нацистичките концентрациски логори покрај крематориумите стоеле гудачки квартети. Тие луѓе биле принудени да свират додека покрај нив се случувал хорор, а и нивната судбина била иста. Свиреле класична музика додека другите затвореници биле убивани и палени. Значи, тие стихови, „Dance me to your beauty with a burning violin“, ја претставуваат убавината на живеењето, крајот на ова постоење и крај на страста во нашата егзистенција. Но тоа е истиот јазик кој го користиме за да ѝ се препуштиме на саканата личност па не е битно која е идејата зад песната, битно е да се почувствува страста“, рекол Коен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот