МОРНИЧАВ предлог на шведски научник: Да станеме КАНИБАЛИ и да го решиме проблемот со климатските промени

Фото: Профимедиа

Шведскиот канал ТВ4 ги изненади гледачите сериозно разговарајќи за идејата за јадење на други луѓе „за да се спаси климата“.

Шокот доаѓа од саемот во Стокхолм „Гастро Норд“, инаку познат како „најважна европска гастрономска платформа“, на која истражувачот за однесување на потрошувачите Магнус Содерлунд, професор по маркетинг и шеф на Центарот за потрошувачки маркетинг (ЦЦМ), на Стокхолмската економска школа, одржал семинари за можноста на јадење на човечко месо.

Одговарајќи на прашање на домаќинот за тоа што инстиктивно не потсетува на реакција на гадење кога се збори за идејата за консумирање на други луѓе, тој мирно рекол: „Пред се, личноста која треба да се изеде мора да е мртва.“

Содерлунд нагласил како во западниот свет постојат многу тешки табуа, кои отежнуваат на поединците кои сакаат да влезат во човечката месна индустрија. Заклучил дека луѓето општо тешко се носат со мртви луѓе, што е чудно бидејќи „луѓето се убиваат во голем број цело време“.

„Луѓето во јавноста се малку конзервативни кога се работи за јадење на нешто на кое не се навикнати“, рекол Содерлунд. “Ако гледаме кон секое можно решение кога се збори за климатските и одржливи прашања, важно е да се постави тоа прашање“, заклучил Содерлунд.

Иако се познати по страста спрема екологијата, обичните Швеѓани сметале дека ова било чекор предалеку. Тоа го потврдуваат и коментарите од социјалните мрежи: „Глупи конзервативни заостанати луѓе кои одбиваат да се јадат едни со други за да ја спасат климата!“, саркастично твитувал новинарот Матиас Албинсон.

„Јасно е. Прво ќе го изедеме“, рекол еден предлог. „Какво образование има патетичниот професор канибал? Дипломирал во најмрачните дупки на Нова Гвинеја? Дали нас не влече за нос? Дали ја доби славата?“, рекол друг корисник.

„Што ако веќе јадеме човечко месо? Што знаеме за месната индустрија во ЕУ?“, прашал корисник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот