Морнар од Хрватска кој изчезнал пред 30 години е пронајден жив во Шпанија

Фото: Дулист.хр

Морнарот Петар Марчинко од местото Чепикуќе во близина на Дубровник, кој исчезнал пред 30 години, деновиве е пронајден во Шпанија, каде што живеел сите овие години.

Според порталот Дулист, полицијата го известила семејството на пронајдениот Марчинко, по што тој бил и избришан од регистарот на исчезнати лица.

Јавноста сѐ уште не ја знае причината за неговото мистериозно заминување во Шпанија пред 30 години и зошто никогаш не контактирал со семејството, пишува Вечерњи лист.

Последната информација за него била во април 1992 година, кога како 39-годишен се симнал од бродот „Дубровник“ во шпанскиот град Хихон, по што му се губи трагата. 30 години подоцна, полицијата добила потврда од меѓународни институции со кои соработувала, дека при проверка на документи кои неодамна се појавиле, го има и неговото име. По деталната проверка, Марчинко е пронајден жив во Шпанија.

Според зборовите на еден од неговите некогашни соседи во Чепикуќе, Петар требало да се качи на брод за Канада за да оди кај својот брат, но поради некоја причина изгледа не го сторил тоа, туку се симнал во Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот