Морисон: Нема да бидам заплашен од принудата на Кина

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави денеска дека нема да биде заплашен од „принудата”, откако Кина ограничи дел од австралискиот извоз и ги повика кинеските туристи и студенти да ја избегнуваат Австралија.

Дипломатските односи меѓу Пекинг и Канбера се влошија откако Австралија повика на меѓународна истрага за изворот и ширењето на коронавирусот, кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан.

Лобирањето од страна на Австралија и Европската унија поттикна минатиот месец
Светската здравствена организација да поддржи независно истражување за пандемијата на коронавирус.

Кинеското Министерство за образование во вторникот соопшти дека студентите треба да размислат дали ќе студираат во Австралија.

Меѓународното образование е четврта по големина извозна индустрија во Австралија, во вредност од околу 26 милијарди долари годишно.

Кина го забрани увозот на австралиско говедско месо во последните неколку недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот