Морисон: Границите на Австралија остануваат затворени

Премиерот на Австралија Скот Морисон/ Фото: ЕОА

Границите на Австралија најверојатно ќе останат затворени „некое време”, изјави денеска премиерот Скот Морисон, и покрај напредокот во воведувањето вакцини против Ковид-19.

Велика Британија вчера одобри употреба на вакцината на Фајзер, зголемувајќи ги надежите за брза вакцинација против Ковид-19 низ целиот свет.

Сепак, Морисон рече дека Австралија ќе ги задржи своите граници затворени за не-австралиските граѓани и оние кои немаат постојан престој.

– Што се однесува до меѓународните граници, ние сме сè уште малку далеку од тоа, изјави Морисон во Канбера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот