Морбидно: Хулигани на Ренџерс со мачета му го пресекле грлото на навивач на Селтик

epa06992480 Alfredo Morelos (C) of Rangers in action against Olivier Ntcham (L) of Celtic during the Scottish Premiership soccer match between Celtic FC and Rangers FC in Glasgow, Britain, 02 September 2018. EPA-EFE/ROBERT PERRY

Фудбалерите на Ренџерс по пауза од десет години ја вратија титулата на шампион на Шкотска, во неделата го играа дербито против најомразениот ривал Селтик (1:1), но по натпреварот се случи морбиден настан кој ги згрози сите.
Добро познато е дека ривалството помеѓу Ренџерс и Селтик е едно од најголемите на светот, но овој пат ги помина сите граници на здравиот разум бидејќи навивачи на новиот шампион убиле навивач на противничкиот тим.

Тројца мажи и една жена на улиците на Глазгов по неделното „Олд фирм“ дерби, со мачета му го пресекле грлото на несреќниот навивач на Селтик, Камил Чаришзин.
Чаришзин кој е татко на две деца, е убиен на 500 метри од својот дом.
Полицијата трага по напаѓачите и помош побара од навивачките групи за да го расветли убиството.
– Млада личност го загуби животот и ние мора да знаеме кој е одговорен за тоа“, стои во соопштението на полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот