МОРБИДНИ ПОРАКИ ЗА МИХАЈЛОВИЌ: Заслужуваш да имаш канцер

фото:твитер

Страшни пораки стигнаа на адреса на тренерот на Болоња откако поддржа десничарски кандидат.

Синиша Михајловиќ, тренерот на Болоња се најде на удар на морбидни коментари и навреди поради поддршката која му ја даде на лидерот на десничарите, Матео Салвини.

Михајловиќ во интервју за весникот „Resto del Carlino“ му даде поддршка на Салвини чија партија претендира да ја презеде власта во областа Емилија-Ромања. Тренерот на Болоња изјави дека „Во Италија е се полошо откако тој пристигна во 1992 година и дека се неопходи промени“:

– Му го давам својот глас на Салвини и се надевам дека може да победи во Емилија-Ромања заедно со Лука Боргонзони. Се видовме пред некој ден и тоа беше пријатна средба. Тој ми е пријател со кого се знам долги години. Ми се допаѓа неговата сила, одлучност, тој е борец.

Матео прави тоа што го прават многу луѓе во фудбалот, доколку нешто вети, тој тоа ветување го исполнува. Промена како промена не ни е потребна, можам да кажам дека од 1992 година сум во Италија и иако тоа не е држава во која сум роден, ја доживувам како таква. И оттогаш е само полошо во Италија. Според тоа мора да имате идеи и сила за да ја поправите состојбата – изјави Михајловиќ.

По интервјуто, Михајловиќ кој во Италија беше доживуван како голем херој поради неговата борба со леукемијата, оддеднаш се најде на удар на луѓето поради поддршката на декларираниот десничар.

Социјалните мрежи експлодираа, веднаш го нападнаа Михајловиќ и му упатија морбидни пораки во кои пишуваат дека заслужува да има канцер поради поддршката на Салвини.

Во негова одбрана застана политичарот Џовани Тоти.
– Сакам да му искажам поддршка на Синиша Михајловиќ кој е цел на напади бидејќи даде поддршка на Матео Салвини. Не разбирам како може некој да напише дека „заслужува канцер“ за човек кој се бори против леукемија и е човек кој ни даде пример како треба да се бориме за животот во тешките моменти?

Во политичката борба заборавивме дека Михајловиќ и неговата борба со болеста не претставува сите нас, без разлика од која партија сме, а со ова се видоа двојните аршини на левичарите. На крајот сакам да порачам: Напред Синиша и продолжи да ја водиш својата борба и запомни дека добрите Италијани се со тебе, без разлика на чија страна си ти – изјави Тоти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот