МОРБИДНА ПРИКАЗНА ОД ХОЛАНДИЈА: Девет години во заробеништво го чекале „крајот на светот“

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Сѐ започна на средината на октомври, кога една дождлива вечер во гратчето Руиневолд, пред локалната пивница се појавило момче со голема и неуредна брада. Изгледало прилично запуштено и делувало збунето. Сопственик на еден автосервис се сеќава дека го повикале во барот од сожалување и го почастиле со пиво, а потоа со уште неколку, пишува хрватски „Експрес“ за необичната приказна од Холандија.

Момчето почнало да зборува и тоа што најмногу ги изненадило луѓето кои седнале со него – рекол дека не смее да се врати дома бидејќи побегнал. Не му верувале бидејќи им изгледал премногу збунето, а забележале и дека е вчудоневиден од диско-топката и шарените светла во барот, пишува „Њујорк пост“.

– Разговарав со него и сфатив дека е сериозен. Имаше долга кога, носеше стара облека и изгледаше сосема збунето. Рече дека никогаш не одел на училиште и дека 10 години не е шишан. Не му верувавме се додека не кажа дека побегнал од дома и дека му е потребна помош – се сеќава сопственикот на барот, Крис Вестербик.

Во околината сите знаеле дека навистина постои некоја изолирана фарма, па дури повремено гледале и некој човек кој живее на неа. Имал околу 60-тина години, а околните жителни не знаеле ништо за него, освен дека живее во куќа опкружена со други помошни објекти, а целиот имот од погледите на љубоптините го криел со садење на густи дрвја и грмушки.

Соседите кои живееле во околните куќи, велат дека го гледале како излегува од неговата фарма, но и дека од неговиот имот често се слушале звуци на косилки или пили, па сфатиле дека не живее сам. Им било необично тоа што толку изолираниот имот насекаде имал надзорни камери.

Дури кога сопственикот на барот Вестербик сепак одлучил да повика полиција и да поверува на зборовите на неуредното момче, започнала да се открива една многу вознемирувачка приказна.

Полицијата влегла во куќата и направила рација. Во неа се пронајдени шест деца и нивниот 67-годишен татко, а со нив живеел и еден 58-годишен Австриец.

Со оглед на тоа дека во куќата пронашле таен подрум, заклучиле дека децата таму не живеат доброволно. Но, никако не можеле да ја сфатат причината зошто татко им ги чувал како заложници. Истата вечер, една холандска телевизија пренесе дека тие таму го чекале „крајот на светот“.

Кога започнала истрагата, надлежните стигнале до многу вознемирувачки информации. Обвинителите го обвиниле таткото дека децата ги чувал како заложници на имотот во период од девет години. Осомничен е за сексуална злоупотреба на две од вкупно девет деца, од кои три успеале да побегнат.

Момчето кои побегнало до селото било најстаро од шестте деца кои останале киднапирани на имотот. Тој имал 25 години.

Таткото е обвинет за незаконско лишување од слобода и злоупотреба на неговите две други деца, објавија властите во четвртокот. Обивинет е заедно со 58-годишниот австриски државјанин, но се уште не е јасно како Австриецот се нашол на овој имот со семејството.

Селото Руиневолд е оддалечено околу 130 километри североисточно од главниот холадски град Амстердам. Надлежните велат дека 67-годишникот имал вкупно девет деца со жена која починала во 2004 година.

Властите не го обајвија идентитетот на таткото, но бројните известувања од европските медиуми го идентификуваа како Герит Јан ван Дорстен. Во октомври Семејната федерација за мир и обединување, позната и како Црквата на обединување, соопшти за Фокс њуз дека ван Дорстен „кратко бил член на нивното движење на средината на осумдесетите години на минатиот век“, но познато било дека „имал многу проблеми со менталното здравје и дека ја напуштил организацијата во 1987 година“.

Холандските медиуми објавија дека таткото опширно пишувал на социјалните мрежи за своите верски убедувања, а објавил и видео како вежба на фитнес-справа. Сопствениците на фармата кои му го изнајмувале имотот на Дорстен, велат дека редовно им плаќал кирија и дека никогаш не се посомневале дека таму се случува нешто што не е нормално.

Портпаролката на обвинителството Деби Хоманс изјави за холандската национална телевизија НОС дека таткото се уште не дал исказ поради здравствени причини. Таа одби конкретно да каже за какви здравствени причини станува збор, но медиумите известуваа дека тој најверојатно доживеал мозочен удар.

Во меѓувреме, снимателот кој работи на докуметарен филм за овој случај, случајно ги објави изјавите на најстарите четири деца – тројцата кои го напуштиле домот и 25-годишното момче кое ги алармирало мештаните. Тие рекле дека злоделата од обвиението им се познати и дека се совпаѓаат со нивното искуство, како и дека се надеваат оти наскоро ќе има судски процес.

Меѓутоа, помладите пет браќа застанале на страната на таткото: „Од него научивме да ја бараме среќата во односот со Бога и да го земеме нашето образование во свои раце, и во тоа и понатаму веруваме“, рекле тие во изјава.

Обвинителите наведуваат дека 58-годишниот Австриец и 67-годишниот татко ќе останат во затвор до крајот на истрагата, а во јануари првпат треба да се соочат со судија.

Двајцата се обвинети и дека неколку месеци во 2009 години во градот Мепел држеле во заробеништво 69-годишен Австриец, како и дека криеле големи количини на пари кои се откриени на фармат.а

Холандското семејство повеќе од осум години живеело на изолираната фарма „чекајќи го крајот на светот“. Сите деца кои се затекнати на фармата имале меѓу 18 и 25 години.

Момчето кое изненадно се појавило во локалниот паб рекло дека има браќа и сестри кои живеат на фармата и дека тој сака да завршат со начинот на кои живееле во последните десетина години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот