Мората се врати во Јувентус

epa08687704 Juventus F.C's new player Alvaro Morata wears a face mask as he arrives at the club?s medical center in Turin, Italy, 22 September 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Алваро Мората по пауза од четири години повторно ќе го носи дресот на „старата дама“.

Мората во Јувентус за кого играше од 2014 до 2016 година, доаѓа редовите на Атлетико Мадрид.

Станува збор за едногодишна позајмица вредна девет милиони евра, а Јувентус наредното лето ќе има можност да го откупи договорот на Мората за сума од 45 милиони евра.


Според планот на новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло, Мората ќе биде трета опција во нападот. Пред да се договори со Шпанецот, Јувентус сакаше да ги ангажира Луис Суарез или Един Џеко, но трансферите пропаднаа и италијанскиот шампион се одлучи да го донесе својот поранешен играч.
Алваро Мората минатата сезона одигра 44 натпревари за Атлетико Мадрид и постигна 15 гола.

Во првиот мандат како член на Јувентус, Мората одигра 93 натпревари на кои даде 27 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот