Мората на позајмица, а Суарез пред трансфер во Атлетико!?

фото: твитер

Се шпекулираше трансфер на Луис Суарез од Барселона во екипата на Јувентус, но спортскиот директор на италијанскиот шампион, Паратичи негираше доаѓање на Уругваецот во Торино.

И денеска се зборува околу иднината на Суарез кој сега се поврзува со преселба во Атлетико Мадрид. Уругвајскиот интернационалец се очекува да ги засили „јорганџиите“, а покрај тоа од поранешниот клуб ќе добие седум милиони евра за раскин на договорот.

А воедно можно е во спротивен правец на едногодишна позајмица во Јуве да оди Алваро Мората со право на откуп.

Од редовите на Барса официјално си замина и Артуро Видал кој е пред промоција како нов играч на Интер.

А како што веќе многупати се најавува, Лионел Меси од љубовта кон каталонскиот клуб, одлучи да не крева тензија и си замине од „Камп Ноу“ наредното лето кога му истекува договорот.

Паратичи потврди: Нема договор со Суарез, не е само Џеко опција!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот