Моралес не може да се кандидира на било кои претседателски избори

Привремената претседателка на Боливија, Жанин Анес, денеска изјави дека поранешниот претседател на земјата Ево Моралес не може да се кандидира на било кои следни избори, но дека неговата партија може.

Таа кажа дека „Движењето за социјализам” на Моралес „има полно право да учествува на изборите” и дека оваа партија „може да си бара кандидат”, не сметајќи на доскорешниот претседател и поранешниот потпретседател на Боливија, Алваро Гарсија Линера.
Анес наведе дека сака повторно да се воспостави стабилност во Боливија, но дека приврзаниците на Моралес, кој се засолни во Мексико, ја обвинуваат за присвојување на власта.

Засега не е познато дали официјалните претставници во Боливија, земја која е погодена од тешка политичка криза, мораат и формално да му забранат на Моралес да учествува на изборите.

Моралес во неделата поднесе оставка на барање на армијата, по повеќенеделните масовни демонстрации заради наводната кражба на изборите од 20 октомври, по кои тој тврдеше дека го обезбедил четвртиот претседателски мандат уште по првиот круг од гласањето.

Организацијата на американски држави спроведе ревизија на изборниот процес и резултатите од гласањето и утврди дека имало голем број нерегиуларности. .

Новата привремена влада на Боливија, со Анес на нејзино чело, почна да добива меѓунардни признанија, но во самата земја нејзиниот легитимитет е доведен во прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот