Моралес: Барди има одлична сезона, сакам да остане во Леванте!

Фото: EPA-EFE/BIEL ALINO

Веднаш после победата од 4:2 над Бетис во која придонесе македонскиот репрезентативец со еден гол, шпанските медиуми објавија информација дека премиерлигашкиот гигант Арсенал испрати понуда за Енис Барди.

Нашиот интернационалец покажува добри и сезонана, и повторно го привлекува вниманието на поголемите клубови. Сезонава во „Ла Лига“ има четири голови и две асистенции, и интересен е податокот што кога Барди реализира погодок, тимот никогаш не губи. Тој има договор со екипата до 30 јуни 2022 година.

За таквата понуда од „топчиите“ слушна и капитенот на Леванте, Хосе Моралес кој изрази желба да остане Барди во составот од Валенсија.

Разбирам дека Барди, Кампања и Аитор би можеле да си заминат, бидејќи сите тројца имаат одлична сезона и придонесуваат за тимот. Како капитен сакам да останат сите во клубот. Тие се важни играчи, би било навистина штета доколку ги загубиме. Кога перформансите на играчите се подобруваат, нормално е клубовите кои се на повисоко ниво да покажуваат интерес за нив – рече Моралес за „Марка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот