Морале да ја разбудат познатата манекенка додека и правеле операција на мозокот! (ФОТО)
Откако имала напад минатата година, откриено е дека моделот со австралиско потекло, Емили Сирс, во мозокот има ненормална поврзаност на крвните садови.
Прво се обидела состојбата да ја контролира со медикаментозна терапија, но откако продолжиле нападите, ѝ била закажана операција.
Поради пандемијата на коронавирусот операцијата морала да се одложи, па Емили конечно беше оперирана минатата недела.
Операцијата била тешка и траела дури 5 часа, а бидејќи крвните садови се наоѓале веднаш до центарот за говор, лекарите ја разбудиле Сирс од анестезијата за да зборува додека ја отстрануваат масата – за да се осигурат дека нема да го оштетат.
Операцијата завршила успешно, а моделот сега полека закрепнува во болницата.