Морачанин: Приказната за Ана Петровска и ДОМ е завршена

Маја Морачанин / Фото: Утрински брифинг

Приказната со Петровска и ДОМ е завршена, истакна претседателката на ДОМ, Маја Морачанин во дебатната емисија во Студио 10 каде гостинка беше и Ана Петровска независен кандидат за градоначалник на Град Скопје, поддржан од иницијативата „Зелен хуман град“.

„Преку 30.000 граѓани дадоа поддршка за ДОМ. Многу сме задоволни од резултатот во изборите, уште пред кампањата предвидувавме дека ќе освоиме околу 15.000 гласови. Во 2013 година ДОМ одеше само со советнички листи, 43 листи во советите. Не знам која е потребата (Ана Петровска) да ги омаловажува резултатите на ДОМ сега на овие избори и да ги дискредитирате резултатите и да ги омаловажувате граѓаните кои дале глас на оваа коалиција. Ниту некој одбил да биде советник. Вие не сакавте да влезете во салата за да си го кажете ставот, на Централниот одбор. Не знам од каде ви е дезинформацијата дека 16 советници не сакаа да бидат на листите, вие ги изманипулиравте тие луѓе. Приказната за Ана Петровска и ДОМ е завршена, вие направивте се за да направите штета на партијата. Никогаш не кажавте дека сакате да се кандидирате за градоначалник. Граѓаните си кажаа, мислам дека дебатата заврши. Продолжуваме понатаму“ – изјави Маја Морачани.

Продолжуваат препукувањата меѓу двете политичарки, кои пред неколку месеци влегоа во конфликт кој резултираше со исфрлање на Петровска од партијата и со нејзино разрешување од директорската позиција во Државниот инспекторат за животна средина.

Видео на денот