Морачанин: Очекувам дека премиерот Заев ќе ja поднесе оставката

Маја Морачанин
Маја Морачанин / Фото: МИА

Премиерот Зоран Заев презеде одговорност и најави дека се повлекува, тој беше дециден дека поднесува оставка и очекувам дека тоа ќе се случи, а подоцна да се реализира во Собранието, вака е неодржливо, не течат процесите има и притисок од опозицијата и тоа не е во интрес на државата и граѓаните, рече во гостувањето на утринската емисија на Телма, пратеничката на ДОМ, Маја Морачанин.

– Ќе видиме во четвротк каква ќе биде одлуката за гласање на доверба на Владата, и колку пратеници ќе обезбеди ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме дел од актуелното мнозинство и нема да гласаме за пад на Владата, на Македонија и е потребна стабилност, особено кога имам сериозна економска криза, како и евроатланските процеси, граѓаните не бараат да одиме од избори на избори, бараат да имаат стабилност и не сметам дека избори се решение, дополни таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот