Морачанин: Имаме голем напредок, но кадрите коишто вршат инспекции се недоволно стручни

Маја Морачанин / Фото: Утрински брифинг

Европските „Зелени“, вели Морачанин, се задоволни од она што ДОМ и Владата го прават и им даваат целосна поддршка.

По поканата јавно презентирана од страна на СДСМ, Централниот одбор (ЦО) на ДОМ одлучи да разговара и по преговорите да го информираме ЦО за да ја однесеме конечната одлика. Две клучни работи се битни – реализирање на програмските определби и персоналните решенија, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, пратенечката на ДОМ, Маја Морачанин.

-Од ДОМ сме две пратенички. Направивме големи исчекори, посебно на законот за Урбано зеленило, како и затворање на рудниците во Казан дол и Иловица и носењето на законот за минерални суровини. Сите овие закони се предложени од нас и добија поддршка за да бидат спроведени. Еден од најгорливите проблеми е загадувањето- вели Морачанин.

Европските „Зелени“, вели Морачанин, се задоволни од она што ДОМ и Владата го прават и им даваат целосна поддршка. Тоа и јавно го изразија. Велат дека се фасцинирани од тоа колку многу работите се смениле во Македонија и правецот по кој се движиме. Дадоа поддршка и за склучувањето на договорите со Бугарија и Грција. За Македонија велат дека во најкус рок треба да се започнат преговорите со ЕУ- вели Морачанин.

-Тие и досега користеа нафтен кокс и таков вид на фосулни горива. Не е тоа ништо ново. Не знам во моментов што користат, но знам дека кога го предложивме законот ние се уште не изградивме капацитети да вршиме ефикасника контрола на увозот на отпад и контрола при соговорување и емисијата на штетни гасови. Сметам дека ова решение беше неопходно за да се заштитиме од еден дел од загадувањето- изјави Морачанин околу Цементарница „Усје“ и примораноста да горат нафта и јаглен, како реакција на тоа дека отпадот кој е увезуван досега не е опасен.

Конечно почна да се третира тоа старо индустриско загадување, вели Морачанин, многу често ја отвораме оваа тема, неколку фактори се клучни.

-Сметаме дека треба да се направи ревизија на А интегрираните дозволи и заострување на критериумите. Она што е клучно е контролата на индустриските капацитети. Кадрите коишто вршат инспекции се недоволно стручни. Потфрлуваме на три нивоа – финансиски, (но одлично е што министерката за финаснии ни го прифати последниот предложен амандман околу оваа точка, немаме своја акредитирана лабораторија) техничкиот капацитет и кадрите и нивната стручност, интегритет и чесност, вели Морачанин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот