Морачанин: Еден од заедничките столбови на ДОМ и СДСМ е екологијата (ВИДЕО)

Уште на почетокот од годината во разговорите со СДСМ зборевме за програмските приоритети на ДОМ и околу тоа имавме разбирање и како еден од заедничките столбови ја најдовме екологијата.

-Ставаме клучен акцент на заштитата на животна средина. Потребно е и унапредување на законската регулатива и нејзина имплементација, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Маја Морачанин, претседател на ДОМ.

Посериозен пристап за проблемот со загадувањео на воздухот, ДОМ со поддршка за декриминализација на марихуаната.

-Строгата инспекциска контрола и казнување на неправилностите во работењето мора да има. Се соочуваме со големи проблеми и загадување на воздухот кое што е поизразено во зимскиот период и со тоа мора посериозно да се справуваме. Неказнивоста води кон повторување на прекршувањата.

ДОМ поддржува декриминализација на марихуаната. Во однос на нејзина легализација сметам дека тоа е поголема тема која бара сериозна анализа. Трендот во Северна Америка и Канада е легализирана, но ќе повторам потребна е сериозна анализа и испитување за оправданоста, изјави Морачанин.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот