„Мора да се соочиме со фактот дека не постои магичен куршум или вакцина што ќе го убие овој вирус“: Предупредува истакнат американски имунолог

Вирусот нема да исчезне сè додека 70 отсто од светската популација не се зарази. Бидејќи досега само пет до 20 проценти од луѓето го прележале вирусот ковид-19, на есен следува уште еден бран, кој ќе биде многу посилен и потежок, предупредува д-р Мајкл Остерхолм.

Вториот бран на коронавирусот, кој се очекува на есен, ќе биде многу полош од овој, предупреди американскиот имунолог, професор д-р Мајкл Остерхолм.

Тој предвидува дека вирусот нема да исчезне се додека 70 отсто од светската популација не се зарази. Бидејќи досега само пет до 20 проценти од луѓето го прележале коронавирусот, експертот од САД смета дека вториот бран ќе биде многу посилен и потежок.

Д-р Остерхолм, еден од најдобрите имунолози во САД и директор на Центарот за истражување на заразни болести на Универзитетот во Минесота, вели дека ковид-19 нема да исчезне сам по себе.

– Сите ние мора да се соочиме со фактот дека не постои магичен куршум или вакцина што ќе го убие овој вирус. Ќе живееме со него. За тоа воопшто не треба да разговараме – вели американскиот имунолог.

Тој додава дека без вакцината, која сигурно нема да биде  произведена следната година, вирусот ќе продолжи да се шири сè додека светската популација не стекне колективен имунитет.

– Тоа значи дека е потребно 60 до 70 проценти од луѓето во светот да бидат заразени со коронавирусот. Овој проклет вирус ќе живее сè додека не ги зарази сите кои може – предупреди д-р Остерхолм.

Според него, дури и ако се намали бројот на пациенти во текот на летото, тоа може да биде само знак дека овој вирус е сезонски, како грипот и дека ќе се врати во есен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот