Монтгомери: САД го поддржуваат дијалогот Белград-Приштина кој води кон меѓусебно признавање
Новата американска администрација го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ и се надева дека ќе води кон сеопфатен договор за нормализација, заснован на меѓусебно признавање, изјави Моли Монтгомери, заменичка на помошникот државен секретар за Европа и Евроазија.
На прашањето дали Вашингтон планира оддржување дијалог во посредство на САД, таа одговори дека САД се посветени на соработка со ЕУ која посредува во дијалогот Белград-Приштина, наведува „Глас на Америка“.
На прашањето како таа гледа на Србија и Унгарија кои се првите европски земји кои ја користат кинеската „Синофарм“ вакцина, додека многу земји и понатаму се потпираат на вакцината на „Фајзер“, и дали САД вршат притисок на европските земји да се одлучат меѓу Вашингтон и Пекинг, Монтгомери одговори дека не бараат, но истовремено веруваат дека се најсилни кога работат заедно на промоција и заштита на заедничките принципи и интереси.
– Оваа администрација е активно ангажирана на мултилатерален план и соработува со нашите партнери и сојузници, како и со земјите како Кина, да промовира безбедност во глобалното здравје. Сакаме да работиме заедно да ја завршиме пандемијата. Истовремено, знаеме дека Кина користи мултилатерален систем за да ги промовира своите интереси и со тоа поткопа некои наши заеднички принципи. Заради тоа сакаме да соработуваме со нашите партнери и сојузници на заштита на тие интереси и на спротиставување на кинеските обиди за нивно нарушување, истакна Монтгомери.