Монструозен чин во Србија: Маж и малолетник мачеле, силувале и ограбиле 68-годишна жена

Двајца мажи се осомничени дека упаднале во куќа на 68-годишна жена во Србија и дека извршиле страшни злосторства – прво ја мачеле, потоа ја силувале и на крајот ја ограбиле.
Српскиот медиум „Нова“ пишува дека и двајцата синови на силуваната повозрасна жена починале, едниот пред две години, а другиот пред пет години. Како што велат нејзините соседи, жената имала тешки моменти во животот, а насилниците тоа го знаеле.
Инцидентот се случил во околината на Зрењанин. Љуба Н. (32) и неговиот малолетен пријател (17) се осомничени дека пред два дена упаднале во семејната куќа на С.К. (68) и ја мачеле, силувале и ограбиле жртвата.
„И двајцата синови ѝ умреа, едниот пред неполни две години, а другиот пред пет години. Таа страдаше, ова е страшно што и се случи. Се се случи пред два дена. Тие дошле во нејзината куќа со автомобил, по што двајца влегле внатре, а другите двајца останале во возилото. Тие упаднале во нејзината куќа, а потоа ја мачеле и малтретирале, а на крајот кога се онесвестила од тортурата, ја силувале и ограбиле“, сведочат соседите за српските медиуми.
„Кога жената се освестила едвај отишла кај првите соседи по помош. Тие пријавиле се во полиција, која набрзо уапсила двајца мажи од истото место, а се трага по уште двајца“, додал изворот.
Полицијата се сомнева дека мажите ја демнеле 68-годишната пред нападот и дека биле свесни дека живее сама. Ним им е одредена мерка притвор од 48 часа.