Монструмот кој со меч среде улица го избоде цимерот во Штутгарт лажел дека е Сириец

Фото: Принтскрин

Пред неколку дена во Штутгарт бил уапсен маж кој среде улица си го прободе со меч цимерот, а иако првично беше објавено дека е Сириец, сепак, сега се покажа дека тоа не било така.

Убиецот е идентификуван како Иса Мухамед. Тој, наводно, добил азил во 2015 година, тврдејќи дека е сириски мигрант, но се утврдило дека е Јорданец. Исто така се дознало дека немал 28, туку 30 години.

Според „Билд“, убиецот и жртвата биле цимери. Убиениот маж е Германец со казахстанско потекло, а мотивот за убиството не е познат.

Откако го убил цимерот, Сириецот избегал од местото на злосторството со велосипед. Случаен минувач го снимил целиот настан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот