МОНСТРУМ три дена силувал и тепал жена пред нејзиното дете

Фото: Твитер

Човек од Манчестер, кој сексуално, физички и психички злоставувал жена пред очите на нејзиниот мал син е осуден на 18 години затвор.

Крег Моран (35) три дена без престан сексуално, физички и психички злоставувал жена пред очите на нејзиниот мал син. Несреќната жена се здобила со бројни повреди, како и скршена нога, а манијакот ја оставил крвава и во состојба каде таа не можела да се движи.

Истражителите нападите ги нарекле како „дело на болен ум“. Полицијата од Манчестер изјавила дека злоставувањата почнале на 8 февруари кога Моран ја посетил жената во нејзиниот дом и почнал да пие. Нејзиниот син и во тој момент бил присутен.

Откако ја нападнал, украл неколку нејзини работи и си заминал.

Кога таа следниот ден била до неговиот стан за да си ги земе работите назад, тој брутално ја претепал, силувал и и рекол дека ќе умре.

Таа завршила со повреди на главата, лицето, рацете и нозете.

Два дена покасно брачен пар ја пренел тешко повредената во болница. Таму ги информирала болничарите за што се случило, после што случајот бил пријавен во полиција.

Полицијата брзо го лоцирала и фатила Моран, а тој пред судот подоцна ја признал вината за напад, присилувањето на секс, заканата за смрт и отпорот при апсење.

Истражителот Расел Кларк изјавил дека „ваков напад е дело на болен ум, способен за физичко, сексуално и психичко злоставување“.

– Да не беше добриот пар кој и помогнал на несреќната жена, таа веројатно сега би останала да лежи повредена на улица подолго време, па ја користам оваа прилика за да им се заблагодарам на помошта. Исто така, да не беше храброста на жртвата која го пријави злоставувањето, Моран се уште би бил на слобода. Апелирам до секој кој дома трпи злоставување да не пати во тишина и да се јави во полиција за помош, додал тој.

На крај Моран добил 18 години затвор за овој ѕверски чин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот