Монпелје му стана редовен муштерија на Вардар

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вардар идентично како и минатата сезона во која на крајот ја покори ракометна Европа, ја започнува и новата, со триумф на гости кај Монпелје од 33:31.

Вардарци покажаа дека се вистинска ракометна машинерија иако во новата сезона недостасуваат дел од клучните играчи кои минатата сезона триумфираа во ЛШ како Карачиќ, Милосављев, а на клупата има ново име, Давид Писонеро. Но, навиките не се менуваат, исто како и победничкиот карактер кој се покажа како клучен во последните десет минути кога се решаваше победникот.

Во нив, францускиот тим влезе со предност од два гола (27:29), но „црвено-црната“ машинерија возврати со серија од 4:0, а точка на победата стави Тимур Дибиров со голот во последните моменти.

Сташ Скубе постигна осум голови од девет шута, Тимур Дибиров даде шест гола, Данил Шишкарев пет, додека новакот во Вардар, Павел Атман четири пати ја тресеше мрежата на Шего.

Наредниот викенд, Вардар пред своите навивачи ќе го пречека португалскиот тим на Порто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот