Монографија „Сликање со светлина“ на Цветан Гавровски

Монографијата „Сликање со светлина“ на Цветан Гавровски на 370 страници содржи приближно 200 репродукции на фотографии во два циклуси, црно-бели и колор фотографии проследени со куси наративи, како и текст на авторот за неговото гледање на арт-фотографијата.

Во изданието на „Матица македонска“ на македонски и англиски јазик се дадени и податоци за фотографското творештво на авторот, кус осврт од германскиот фотоуметник Барбара Шмит со наслов „За фотографиите на Цветан Гавровски“, како и неколку извадоци од искажувања од историчари на уметноста за еден од најпочитуваните македонски современи мајстори на фотографијата.

Очекување
Чаплин во Софија
Семејство од Аликоџ
Добра вест

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 59, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 5-6 декември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот