Монодрамата „Кармен“ на Драмски театар учествува на фестивалот РУТА во Хрватска

Драмски театар Скопје, со монодрамата „Кармен“, на 12 август ќе учествува на фестивалот РУТА. Гостувањата на членките од Регионалната унија на театри со своите претстави се реализираат со настап на отворената фестивалска сцена на Бриони во Хрватска. Домаќин на летното издание на РУТА е театарот „Улисис“.

Фестивалската програма на Бриони е во рамките на театарско-музички проект на тимот на познатиот актер Раде Шербеџија, уметничката директорка Ленка Удовички и директорот Душко Љуштина. На фестивалот настапуваат познати теататски куќи и музичари од десетина земји.

Учеството на Биљана Драгичевиќ Пројковска со монодрамата „Кармен“ е трет меѓународен настап на Драмски театар со оваа претстава, по гостувањата на фестивалот РУТА во Сараево и Македонското културно лето во Албанија.

Монодрамата „Кармен“, создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, својата премиера ја имаше во мај 2021 година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајкоски.

Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен, покрај наградите на минатогодишниот Фестивал на монодрама во Битола, доби награди и на годинашното издание на Македонско културно лето во Албанија и Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен.

Есенското издание на фестивалот РУТА ќе се одржи во Скопје, во организација на Драмски театар, од 14 до 20 октомври. Македонската публика ќе има можност во ревијалната фестивалска недела да проследи шест претстави од водечките театри на регионот, членки на Регионалната унија на театри – РУТА, известија од Драмски театар – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот