Моника Куремади: Однесувањето на Рама кон Косово е анти-албанско

Не може да се нарече на друг начин една патерналистичка политика кон Косово, кога оваа нова држава се обидува да го зацврсти својот меѓународен углед.

Претседателката на Социјалистичкото Движење во Албанија, Моника Круемади, го обвини премиерот на Албанија, Еди Рама, дека неговото однесување кон Косово „е видливо анти-албанско“.

– Не може да се нарече на друг начин една патерналистичка политика кон Косово, кога оваа нова држава се обидува да го зацврсти својот меѓународен углед, не може да се нарече на друг начин промовирањето на размената на териториите помеѓу Косово и Србија, кое што го поделува не само Косово, туку го запалува и целиот регион или неговиот демагошки огномет за Голема Албанија, кога Косово е на врвот од обидите за членство во регионалните и меѓународните организации како и обидите за нови признавања – истакна Круемади за „A2News.com“.

Моника Круемади додава дека „не може да се наречат на друг начин овие однесувања освен анти-албански, како што е таканаречениот мал Шенген, каде осуствува Косово, или јавните навредувања кон косовските политичари“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот