МОНИКА ЈА ПОМИНАЛА НОЌТА ПОКРАЈ МАЈКА СИ: Докторите денеска продолжуваат со анализи и испитувања

Фото: ТВ Пинк/Принтскрин

Според зборовите на докторот, површинските повреди и биле санирани, па девојчето е во подобра состојба.

Моника спиеше покрај својата мајка, продолжуваат анализите, а нејзината состојба е стабилна, соопштил утринава дикреторот на Клиничкиот центар во Ниш, доктор Зоран Радановиќ, за состојбата на неодамна киднапираната Моника Каримовиќ, која вчера беше пронајдена од страна на полицијата, пренесува Блиц.рс.

Според зборовите на докторот, површинските повреди и биле санирани, па девојчето е во подобра состојба.

– Денеска продолжуваме со интензивна работа по налог на министерот добиен од психолози и луѓе од социјалните служби за да и помогнеме на Моника да го надмине ова лошо искуство. По приемот, докторите на детската хирургија направија се што е потребно. На детето му беше ладно, секако, успеавме да ја стабилизираме и од синоќа е во стабилна состојба без проблем – рекол директорот на Клиничкиот центар Зоран Радановиќ, јавува Блиц.

Моника Каримовиќ (12), која пред 10 дена ја киднапираше Малчанскиот бербер, синоќа конечно била пронајдена и префрлена во болница.

Таа со својата мајка ја поминала вечерта во Детската клиника во Ниш, а како што јавуваат српските медиуми, таа и во текот на следните неколку дена ќе остане таму за да и бидат извршени дополнителни испитувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот