Моника Белучи се најде во друштво на поранешниот сопруг на црвениот тепих во Венеција (ФОТО)

Убавата италијанска актерка Моника Белучи беше една од ѕвездаите на годинешниот филмски фестивал во Венеција.

Таа синоќа се појави во долг, црвен фустан на црвениот тепих, на премиерата на обновениот филм „Отпозади“, во кој во 2002 година глумеше заедно со веќе нејзиниот поранешен сопруг, актерот Венсан Касел.

По некое време на црвениот тепих се појави и Касел, кој се поздрави со поранешната сопруга. Моника цело време се смешкаше, но гледаше директно кон фотографите.

Моника и Винсан беа во брак од 1999 до 2013 година и имаат две ќерки Дева и Леони.

Венсан Касел во Венеција дојде со три децении помладата сопруга Тина Кунаки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот