Моника Белучи: Ова се моите четири златни правила за убавина

Фото: Profimedia

Моника Белучи (56) со децении е на врвот на листата на најубави жени во светот. Вели дека не би се вратила на дваесетина години за ништо на светот, а кога станува збор за изгледот никогаш не крие на кои правила се придржува.

Instagram

Моника тврди дека сега ги живее најубавите години од својот живот и изгледа спектакуларно. Секако, таа прво треба да им се заблагодари на добрите гени, но познатата актерка има и неколку строги правила кои ги следи за да ја „чува“ убавината. А станува збор за прилично едноставни правила:

Не ја мие косата секој ден

Моника ја мие косата најмногу двапати неделно, а наместо скапи маски за нега на коса, таа користи едноставно маслиново масло.

Instagram

Не држи строги диети

Актерката смета дека никогаш не треба да ја ограничуваме разновидноста на храната што ја јадеме. Сепак, Белучи вели дека ако треба да изгубите неколку килограми, треба да ги намалите порциите и да јадете повеќе месо, риба и зеленчук.

Instagram

Вежби за ум и тело

„Вежбај јога и пливај“, стои во фитнес планот на Моника Белучи. Овие вежби одржуваат одличен тон на телото без напорен тренинг.

Чистење на лицето

Моника пред спиење секогаш темелно ја чисти кожата на лицето, без оглед колку е поспана.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот