Моника Белучи и 10-те правила на исхрана за згодно тело

Profimedia

Како да се биде згоден како сексапилната Моника Белучи?

Можно ли е да остенете витки во земјата на пицата, шпагетите, тестенините…Да се биде згоден каква што е Моника Белучи? Зошто гојазноста не е значаен проблем во земјата на равиолите ? Овие и уште неколку диетни мистерии се разрешуваат во овој текст.

„Се што гледате, го должам на шпагетите“

Софија Лорен

Профимедиа

Ако „фрлите“ поглед на жителите на Италија, ќе ви биде јасно дека немаат проблеми со телесната тежина и изгледаат здраво (во бројки, само 9 отсто од Италијанците се соочуваат со гојазност), иако ќе ги видите како јадат пица или тестенини и како попладне уживаат во пенливо вино.

Како е можно тогаш да се витки?

Правило број 1. Квалитет наместо квантитет

За разлика од порциите на Американците кои се огромни, во Италија храната се сервира во мала количина. Повеќето од Италијанците не се засегнати со броење на калории бидејќи престануваат да јадат кога ќе почувствуваат ситост и потоа пијат кафе. Во Италија поважен е квалитетот отколку квантитетот на храната. Второ, оброците се избалансирани, не содржат многу маснотии, доволно јагленохидрати, многу морска храна или пилешко, а многу помалку црвено месо.

Правило број 2. Постои само едно масло – маслиново масло

Речиси сите италијански јадења се приготвуваат со маслиново масло. Тоа се употребува и во готвењето, и во салатите, во сосовите, всушност ова масло игра голема улога во животот на луѓето од Медитеранот. Но иако маслиновото масло е многу здрава маснотија, го конзумираат во мали количини.

Правило број 3. Уживајте во свежа храна

Свежата риба, билките, артичоките, тиквичките,модрите домати, лимонот…тие се дел од вкусната италијанска здрава храна. Тестенините се сервираат со малку маслиново масло, доматен сос и зеленчук, и секогаш во мали порции.

Правило број 4. Чести прошетки

Често се движат во текот на денот, до плоштадите, по уличките, во центарот, на шопинг. Често ги користат викендите да изезат од големите градови и да одат на прошетка во некое мало местенце или покрај море.

Правило број 5. Мал појадок

Појадокот е многу важен, а за Италијанците е многу важно да го започнат денот со мал појадок кој се состои од кафе со млеко со кроасан или бисквити. Фит Италијанците одбираат интегрални бисквити.

Правило број 6. Откажување од слатките и газирани пијалаци

Тешко дека ќе видите дека некој Италијанец пие газиран пијалак за време на ручекот или вечерата. Чаша црвено вино, да. Тешко дека ќе видите и дека пијат ајсти и шејкови. Патем, фрапучиното не е италијанско.

Правило број 7. Пицата не е секојдневно мени

Жал ни е ако ве разочараме, но нема да ви кажеме дека јадењето пица секој ден е здраво. Во Италија, пица е тип на храна која се јаде во сабота или недела, кога одите кај пријателите. Традиционалната италијанска пица се јаде само со сирење (моцарела) и зеленчук, а со тоа е далеку помалку калорична од онаа која содржи други намирници.

Правило број 8. Никако брза храна

Кога ќе посетите супермаркет во Италија ќе видите дека чипсовите и слатките пијалоци се сместени само на некој дел од полица, за разлика од Америка каде се распоредени на повеќе полици. Во оваа земја не е вообичаено ништо да се грицка после вечерата, дури ни ако сте пред компјутерот или телевизорот. И лиценците за брза храна се малку присутни во Италија.

Правило број 9. Лесна вечера

Како што појадокот е лесен, тоа важи и за вечерата. Типичната вечера обично вклучува супа или мала порција паста со зеленчук и малку сирење.

Правило број 10. Не на ригорозни диети

Италијанците не дражат „луди“ диети. Сакате да загубите килограми? Избегнете ја пржената храна и сосовите за тестенините. Салата од домати, доматен сос, повеќе зеленчук, лимон и други намирници со интензивен вкус и мирис. И последно но не и неважно – јадете без да чувствувате вина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот