Монца останува дел од Формула 1 уште пет години

Иднината на трките на легендарната патека „Монца“ е обезбедена пред да се одржи трката за оваа сезона. Сезонава Монца прославува 90 години од старт на авто мото трките, а организаторите потпишаа петгодишен договор со сопствениците на Формула 1, Ливерти медиа груп.

Досега на Монца се возени дури 68 трки во Ф1 шампионатот, што е повеќе од било која друга патека. Единствено Италија и Велика Британија се домаќини на трките во Формула 1 од првиот шампионат во 1950 година.

Оттогаш, само во 1980 година трката за Големата награда на Италија не се возеше во Монца, туку се одржа на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола. Првата трка за Големата награда на Италија е возена уште во далечната 1921 година.

– Историјата, брзината и страста се зборовите со кои љубителите на автомобилизмот ги поврзуваат со Монца. Чувството кое го имаат и возачите, и навивачите е единствено – изјави Чејс Кери, извршниот директор на Формула 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот