Монако е фабрика за пари: За осум години од продажба на фудбалери заработи неверојатни милијарда евра

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Францускиот тим Монако е вистинска фабрика за правење пари, челниците на тимот од Кнежевстото во последните осум години заработиле неверојатни 1,06 милијарди евра од продажба на фудбалерите.

Монако магичната бројка од милијарда евра ја помина кога за 80 милиони го продаде Орелиен Чуамени на Реал Мадрид.

Првата голема продажба на челниците на Монако се случи во летото 2014 година кога за 75 милиони евра го продадоа Хамес Родригез на Реал Мадрид откако Колумбиецот одигра одлично на Светското првенство во Бразил.

Највеќе пари, францускиот тим заработи од Килијан Мбапе кога го продаде на ПСЖ за 180 милиони евра.

Голема заработка на Монако му донесе и продажбата на Бенжаман Менди (57,5), Бернардо Силва (60), Томас Лемар (72 милиони), Фабињо (45) ,Јури Тилеманс (56), Ентони Марсијал (60) и Темуи Бакајоко (45 милиони евра).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот