МОН за Слободен печат: Начинот на кој ќе се одвива следната учебна година зависи од пандемијата

Родители го испраќаат своето дете во училиштето основното училиште „Киро Глигоров“ / 1 октомври 2020 година / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Актуелната учебна година се одвива со комбиниран модел на настава, со тоа што училниците ги посетуваат само учениците до трето одделение, додека другите учат онлајн, а дали така ќе продолжи и од септември се уште не се знае. 

– Начинот на кој ќе започне и ќе се реализира следната учебна година зависи од текот на состојбата поврзана со пандемијата – велат од Министерството за образование и наука за „Слободен печат“, додавајќи дека ќе се следат препораките на надлежните институции. 

– Одлуките МОН секогаш ги носи согласно препораките и во договор со надлежните здравствени институции и органи, вклучително и Комисијата за заразни болести – заклучија од МОН, што значи дека и натаму е неизвесно враќањето на сите ученици во училишните клупи. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот