Учебници сепак нема да има во сите училишта до крајот на месецов

Министерството за образование и наука ја коригираше претходната информација во врска со динамиката на испорака на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование, која почна во текот на вчерашниот ден.

МОН известува дека до крајот на овој месец ќе биде завршена дистрибуцијата на 70 проценти од учебниците за овие одделенија.

„Станува збор за целосно нови учебници, изработени согласно новите наставни програми и тие ќе ги заменат наставните материјали кои ги користат најмалите ученици и кои им беа поделени пред почетокот на учебната година, а ја обработуваат материјата за првото тримесечје“, наведува МОН.

Министерството информира и дека веднаш по печатењето и испораката на учебниците за основното образование, продолжува печатењето на повеќе нови учебници за средното стручно образование.

Само неколку часа претходно МОН излезе со информација дека до крајот на месецот ќе се заокружи испораката на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование.

Почна дистрибуцијата на новите учебници за основно образование

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот