МОН работи на целосно нов концепт за наставата, во кој не се вклучени само учебниците

Министерството за образование и наука соопшти дека формираше работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на наставните и дидактичките материјали за основно и за средно образование.

Работната група е составена од претставници од Министерството за образование и наука, Педагошката служба, Бирото за развој на образованието како и претставници од меѓународни институции и граѓанскиот сектор.

МОН информира дека групата веќе работи на анализа на најдобрите искуства и практики од неколку европски, скандинавски и земји од регионот, врз основа на која ќе се изготви целосно нов систем за унапредување на квалитетот на наставата кој подразбира не само употреба на учебници, туку и изработка и употреба на разни видови наставни и дидактички материјали за наставниците и учениците.

Прочитајте и...  Филипче во посета на Прилеп, ќе се разговара за епидемиолошката состојба во градот

– Потребата од воведување целосно нов систем за изработка на наставни материјали е резултат на постојаните реакции од јавноста, родителите/старателите, учениците, но и самите наставници за квалитетот на учебниците, долгите постапки за нивно одобрување, како и честите повлекување на учебници поради стереотипи, предрасуди, грешки и недоследности, соопшти МОН.

Министерството додава дека голем број земји во светот веќе го имаат надминато системот на класична употреба на учебник, поради што учениците своето знаење го стекнуваат преку различни извори на информации и разновидни дигитални алатки.

-Ова е идеја и на голем број наши наставници, но е дел и од препораките на ОЕЦД за системот на образование во нашата земја. Реформата на учебниците ќе се прави во широка консултација, истовремено со реформите за основно образование, а планот е да се воведе од следната учебна година, соопшти МОН.

Прочитајте и...  ФОТО: Косово му подигна и споменик на Бо, починатиот син на Џо Бајден

Поврзани вести

ВИДЕО: И мртвите немаат мир, азербејџански војници сквернават ерменски гробови

Слободен печат

Откриено која крвна група е поотпорна од другите во однос на коронавирусот

Слободен печат

Турција бележи негативни рекорди, 182 смртни случаи од ковид-19 во последното деноноќие

Слободен печат

ВИДЕО: „Бомба“ или само петарда: Откриена вонбрачната ќерка на Путин, тинејџерка е и милионерка!?

Слободен печат

Костовски до Заев: Не е доволно да се каже дека е Македонец, нека одговори на некои прашања

Слободен печат

Техеран: Протести поради убиство на истакнат научник

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian