МОН: Онлајн платформата е целосно бесплатна

Фото = Архива

Министерството за образование и наука ги демантира тврдењата на Сојузот на средношколци дека онлајн платформата чини 15,5 милиони евра.

МОН како што и претходно веќе информираше ја известува јавноста дека онлајн платформата е целосно бесплатна и е производ на заедничка и посветена работа на претставници од ФИНКИ, Бирото за развој на образование и Министерството за образование и наука и за нејзиното создавање не е потрошен ниту еден денар. Платформата е функционална и од почетокот на годината до сега над 80% од учениците од средните и основните училишта успешно ја следат наставата и се задоволни од понудениот модел. Останатите околу 20 % немаат проблеми со платформата, туку со интернет конекција или немање уреди, за што МОН е во постојана координација со градоначалниците и директорите на училиштата и тековно се решаваат овие предизвици.

Министерството за образование и наука уште еднаш се заблагодарува за ентузијазмот на сите лица кои се вклучени во креирањето на платформата со цел да се обезбеди учење од далечина во услови на пандемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот