МОН објави концепт и бара сугестии за далечинско учење во основните и средните училиште

Училиште / Фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Во документот пишува дека имплементацијата на активностите е предвидена во периодот 2020-2025 година.

Министерството за образование и наука јавно објави Концепт за развивање систем за образование од далечина во основните и во средните училишта во Македонија.

Оттаму бараат сугестии за нацрт-верзијата, а сите заинтересирани можат да дадат придонес кон подготовка на што поквалитетна содржина на овој документ, преку достава на предлози и сугестии. Пуштањето во употреба на електронската платформа е предвидено за септември 2022 година.

Во документот пишува дека имплементацијата на активностите е предвидена во периодот 2020-2025 година.

„Поконкретно, изработката на унифицирана електронска платформа за предавање, учење и методолошки ресурси, нејзино пилотирање и пуштање во употреба е предвидено за 2022 година, за кога е предвидена и изработка на е-содржини, додека набавката на ИКТ-опрема и образовен софтвер за користење ИКТ во согласност со стандардите е предвидена за 2025 година“, пишува во документот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот