МОН: Обезбедени 1.210 електронски уреди за следење оналјн настава

Настава со физичко присуство / Фото: Драган Митрески - Слободен печат

Досега обезбедени се 1.210 електронски уреди за следење на онлајн настава а 92 се во постапка на одобрување, велат од МОН за „Слободен печат“, потенцирајќи дека и тие работат на донации и тоа во соработка со бројни компании.

– Во делот на средните училишта обезбедени се 50 компјутери за Математичко –информатичката гимназија во Скопје. Овие донации се резултат на директната комуникација на Министерството за образование и наука со компаниите.  Единиците на локалната самоуправа и самостојно обезбедуваат дополнителни донации – додаваат од МОН.

Покрај ова, од МОН потсетија дека не ги заборавиле учениците кои од почеток имаат проблеми при приклучувањето во онлајн наставата, па велат оти за нив се организирани кратки часови кои се емитуваат на Националната радиотелевизија, како и обврската училиштата да им доставуваат печатени материјали директно до нивните домови.

 

Матурантка започна хуманитарна акција: Компјутер за сите оние кои немаат услови за онлајн настава

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот