МОН: Надоместокот на авторите на учебници им се исплаќа до крајот на тековната учебна година

Учебници / Фото: Слободен печат

Покрај жалбите на автори на учебници за тоа дека за нивниот труд им се наплаќа во повеќе рати и тоа е процес кој трае со години, од МОН за „Слободен печат“, велат оти е точно дека избработката на учебниците се наплаќа на рати, но и дека тоа се завршува кон крајот на актуелната учебна година.

– Преносот на материјалните авторски права се врши врз основа на потпишан Договор на авторите со МОН. Во Договорот се регулира висината на материјалниот надоместок и начинот на исплата на истиот. Според договорите надоместокот се исплаќа на 5 еднакви рати, а се исплатуваат до крајот на тековната учебна година – велат од МОН за „Слободен печат“.

Авторите на учебници гневни: Срам ни е да кажеме дека пишуваме, бидејќи земаме „смешни“ пари

Во врска со сумата која ја заработуваат авторите, од МОН истакнуваат дека постои Правилник со критериуми по кои се одредува колку ќе заработи авторот.

– Определувањето на висината на материјалниот надоместок за авторско материјално право за учебник се врши согласно Правилникот за критериуми за утврдување на висината на надоместокот  за пренос на материјалното авторско право за учебниците во основното и средното образование. Овој правилник е цитиран во членот 3 од потпишаните договори – нагласуваат од ресорното Министерство.

Видео на денот