МОН: Над 4.000 наставници ги поддржуваат реформите во образованието

Архива на

Како никогаш досега МОН одговора на сите барања на наставниците и сето тоа се прави со вклученост и силен партнерски процес со репрезентативниот синдикат СОНК. Низ тој партнерски дијалог заедно со СОНК работиме на унапредување на кариерниот развој на наставниците, нешто што со години не беше почитувано и воспоставено, велат од Министерството за образование и наука за „Слободен печат“, по саботниот протест на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН).

Во однос на жалбите на наставниците за непочитување на колективните договори, од МОН велат декаплатите се исплаќаат согласно сите закони.

– Платите се исплаќаат согласно законскиот рок и договорите.Наставниците треба да се спокојни. Ниту еден наставник нема да ја изгуби работата поради реформата. Буквално никој нема да остане без работа, напротив за нив се отвораат нови можности за напредок во кариерата, личен развој и повисоки приходи – објаснуваат од МОН, потенцирајќи и дека сите наставници се консултирани и вклучени во новите реформи за основно образование, како и тоа дека над 4.000 наставници ја поддржале новата Концепција.

Како едно од главните незадоволства кои ги искажаа од НСОН беше и недифинираниот работен однос на наставниците кој според нив трае со години, но од МОН велат оти се потребни две години за наставникот-приправник да го положи стручниот испит и за неговиот работен однос да се трансформира од определено на неопределно работно време.

– Наставник и  стручен соработник кој за првпат се вработува во основно односно средно училиште е наставник  – приправник односно стручен соработник  – приправник. Приправникот по завршување на приправничкиот стаж полага приправнички (стручен) испит кој го организира Државниот испитен центар преку стручни комисии. Без положен стручен испит на наставникот-приправник не може да му се трансформира работниот однос од определено на неопределено работно време. Во изминатиов период, времето за полагање стручен испит и добивање договор на неопределено работно време се скратени, така што наставниците наместо пет и повеќе години, за трансформација на работното место односно од определено на неопределено време, сега чекаат не повеќе од две години – објаснуваат од МОН.

Во врска со другите барања на НСОН, како покривање на патни трошоци за наставници кои патуваат од една средина во друга, од МОН велат дека исплатата на додаток на плата или обезбедување на организиран превоз за вработените во руралните средини е нешто што е пресметано во бруто платата и воведно уште од 1 јануари, 2009 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот