МОН го поздрави разрешувањето на директорката на училиштето во Градско

Министерство за образование / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Министерството за образование и наука ја поздрави одлуката на градоначалникот на општина Градско за разрешување на директорот на основното општинско училиште каде што беше утврден случај на врсничко насилство.

– Ја охрабруваме локалната самоуправа да продолжи и да ги интензивира активностите за градење мирна и хармонична училишна средина во која секое дете ќе може да го достигне својот полн потенцијал. Ова, всушност, е порака и до сите општини и училишни менаџменти во државата, бидејќи насилното однесување меѓу младите не смее да биде опција, соопшти МОН.

Министерството наведува дека осудува секакво насилство во и надвор од училиштата и посочува дека во таа насока заедно со Министерството за внатрешни работи, единиците на локалните самоуправи, училиштата, странските партнери и граѓанските организации, во континуитет работи на подигнување на свеста кај младата популација за потребата од толерантно однесување и надминување на конфликтите без насилство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот