МОН: Договори за ученички и студентски стипендии ќе може да се доставуваат и утре

Студенти/ Фото: ЕПА

Сите ученици и студенти кои се нови добитници на стипендија, односно ова право го имаат остварено на конкурсите за доделување стипендии за учебната/академската 2021-2022 година, ќе може и утре (сабота, 27 ноември 2021), од 9 до 16 часот, да ги доставуваат потребните документи во писарницата на Министерството за образование и наука.

– Согласно наведените информации при објавата на резултатите од конкурсите, сите апликанти чии пријави се прифатени и се наоѓаат на листите со добитници на стипендија, имаат обврска од веб-страницата на МОН да го симнат соодветниот договор, да го пополнат во три примероци и заедно со копија од лична трансакциска сметка да го достават до министерството, соопшти МОН.

Министерството на својата веб-страница претходно ги објави резултатите од конкурсите за ученичките и за студентските стипендии, каде што се наведени и информации и инструкции за добитниците во врска со поднесувањето на договорите.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот