МОН: Бојкотот не е опција, законот за учебници моментално не ги засегнува средношколците

22 септември 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат

По добиените информации дека изолирани групи на ученици во неколку училишта во државата по насоки од родителите и старателите ја бојкотираат наставата, Министерството за образование и наука упатува апел за разумност и повторно приклучување кон останатите деца од нивните класови, затоа што постапката не оди во прилог на нивната едукација. Секој пропуштен час, особено сега кога воспитно – образовниот процес се организира во вонредни околности и во услови на пандемија, значи пропуштено знаење, кое тешко се надоместува, се вели во реакцијата на МОН, по информациите дека има бојкот на наставата во повеќе основни и средни училишта во земјава.

Бојкотот следува по вчерашниот прес на родителите пред МОН, од каде тие ги поддржаа учениците во борбата против предлог-Законот за дигитализација на учебниците, но од МОН велат оти оваа промена не ги засегнува средношколците. 

– Причината за бојкотот на наставата е неоправдана, ако се има предвид дека дигитализацијата на образованието е глобален процес кој се случува во голем број земји во светот, а Северна Македонија мора да фати чекор со современите трендови и да се приближува кон стандардите за квалитет на образование кои ги наметнуваат развиените општества. Дигитализацијата на материјалите за учење е дефинирана во новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали и предвидено е истата да се случува етапно, почнувајќи во четврто одделение од следната учебна година, така што во овој момент тоа воопшто не ги засегнува средношколците и тие немаат причина за отсуство од настава по тој основ – се додава во реакцијата на МОН, од каде испратија и апел учениците да продолжат со настава, а родителите да ги следат само официјалните информации. 

Родителите задоволни од бојкотот, но алармираат на притисоци од наставници

– Апелираме учениците кои денес не се дел од часовите, да ја продолжат наставата и успешно да ја завршиме учебната година. Во меѓувреме, граѓаните да продолжат да ги следат информациите кои ги објавува МОН во врска со креирањето и имплементирањето на промените во образовниот систем, бидејќи сите други извори на информации, можат да бидат неточни и од манипулативна природа, со намера да поттикнат несакани реакции токму од страна на учениците и нивните семејства – заклучуваат од МОН. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот