„Момома“ – Најзрелиот албум на групата „Фолтин“ исполнет со многу емоции

На денешната прес-конференција во Кафе бар „Цреша“, добропознатиот македонски бенд „Фолтин“ го промовираше својот 8. албум „Момома“. Како што најавуваат од бендот, „Момома“ е најзрелиот албум што го имаат направено.

– Би кажал дека „Момома“ е збирка од шест постандардни песни од она на што сме навикнати сите и тоа за нас претставува еден своевиден експеримент. Очекувањата се и позитивни и негативни, нормално. Во продукцијата не вложивме многу пари, ама вложивме енергија, чувства, срце и душа – изјави пејачот на бендот, Бранислав Николов.

Исто така тој дополни дека новиот албум го сметаат за збирка на песни за фестивал, ако се свирени од еден колектив како еден човек и додаде дека е многу попитом и поемотивен од претходните албуми.

– Турнеја договараме некаде во втората половина во јуни, а промотивниот концерт ќе биде во текот на мај – одговори пејачот Бранислав на прашањето кога може публиката да очекува нивни настап.

Групата „Фолтин“ е формирана во 1997 година и ја сочинуваат Бранислав Николов – глас, Пеце Трајковски – гитара и сајзер, Гоце Јовановски – бас, Славчо Јовев – тапани и Пеце Николовски – кларинет и усна хармоника. Како гости на новиот албум се Петар Димитровски – клавијатури, Владан Дробицки – тромбон и Васко Бојаџиски – саксофон.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот