Моментот кога забораваш кој број на дресот го носиш! (ВИДЕО)

фото:твитер

Играчот на Монако, Тимуе Бакајоко, навикнат во својата кариера да го носи дресот со број 14, се обиде да излезе од игра, заборавајќи дека тој не игра со бројот 14, туку со бројот шест.

Тренерот Леонардо Жардим го повика Кеита, кој инаку го носи дресот со број 14, но Бакајоко се збуни, па тргна да го напушти теренот.

Потсетување дека Бакајоко го носеше бројот 14 во Монако, но во периодот од 2014-2017 год. пред да се пресели на „Стемфорд бриџ“.

Во тој момент настана голема смеа на теренот. Бакајоко во редовите на Монако игра како позајмен фудбалер од Челзи.

Натпреварот од француската „Лига 1“ заврши со победа на Монако пред своите навивачи со 3:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот