Моментот кога Роналдињо дозна дека излегува од затвор (ВИДЕО)

фото: твитер

Поранешната ѕвезда на Барселона после поминати 32 дена во затвор, ќе биде во домашен притвор во парагвајскиот главен град Асунсион.

Славниот бразилски фудбалер Роналдињо ја плати кауцијата и излегува од затворот во Асунсион, Парагвај.

Роналдињо и неговиот брат беа уапсени кога со фалсификувани пасоши се обидоа да влезат во Парагвај.

Иако му се предвидуваше шестмесечна затворска казна, Роналдињо во истиот помина 32 дена. Преместен е во домашен притвор после плаќањето на кауцијата од 1,3 милиони фунти.

Домашниот притвор ќе му биде фактички хотел и тоа оној во парагвајскиот главен град на Асунсион – Хотел Палмарога. Парагвајската телевизија „ABC“ објави видео на кое се гледа судијата Густаво Амарила кој им се обрати по пат на видео и им ги соопшти правилата.

Во својата кариера 40-годишниот Роналдињо со Барса успеа двапати да ја освои шпанската „Ла Лига“ и националниот Суперкуп, а еднаш и титулата во Лигата на шампионите во сезоната 2005/06.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот