Моментот кога дознаа дека се во „групата на смртта“ (ВИДЕО)

принтскрин/Youtube/Esporte 24 Horas BR

Денеска беа извлечени групите во Лигата на шампионите, а УЕФА ги прогласи и најдобрите фудбалери за минатата сезона.

Славија Прага дефинитивно немаше среќа во денешната ждрепка и можеби се најде во најтешката можна група.

Чешкиот претставник за негова „несреќа“ се најде во групата Ф со Барселона која секако со Меси и останатите ѕвезди е секогаш меѓу кандидатите за европската титула, потоа бундеслигашкиот гигант Борусија Дортмунд и милански Интер кој летово донесе сериозни засилувања како Лукаку и Алексис Санчез.

Секако нормална е реакцијата на луѓето на Славија Прага знаејќи дека ќе ја имаат улогата на „аутсајдер“, еден од нив едноставно „пукна од смеа“ кога ја виде групата, но и истовремено свесен дека тука приказната „завршува“ уште во групната фаза.

Но, секако ако се гледа и од поинаков агол гледачите во Чешка и фановите на овој клуб ќе уживаат во натпреварите против три екипи од врвот на европскиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот